Connect with us

Фудбал

Шалке го враќа Хунтелар!

Иако рече дека сака да ја заврши својата кариера на лето, Хунтелар би можел да има друга мисија пред да престане да игра фудбал.

Имено, Шалке сака да го врати до крајот на сезоната за да им помогне да изборат опстанок во Бундеслигата.

Откако го донесе Колашинец на позајмица од Арсенал до крајот на сезоната, донесувањето на Хунтелар треба да биде следниот потег на управата на овој клуб.

Хунтелар има 37 години, но сигурно ќе му биде од голема помош на тимот на Шалке во борбата за опстанок.

Тој постигна 126 погодоци и додаде 35 асистенции додека играше за Шалке, а за овој клуб одигра вкупно 240 натпревари.