Connect with us

Други спортови

Шампионката дојде речиси гола на мерење! Но, потоа остана без појас, а убавото лице и е уништено!

Претходните денови една од главните теми на светскиот бокс стана девојката од Нов Зеланд, Чернека Џонсон, бидејќи на мерењето пред еден многу важен меч се појави речиси целосно гола!

На вагата застана само во гаќички, додека горниот дел од аутфитот и беше исклучиво обоен – на градите „нацртана“ маица на која го рекламира својот профил на страницата за возрасни.

Покрај тоа што е една од најдобрите во светот во својата категорија, Чернека дополнително заработува од својот профил на веб-страницата „Onlyfans“, па на овој начин сакаше да го привлече вниманието на јавноста. Веројатно обожавателите веднаш ја забележале нејзината порака и се претплатиле на каналот кој моментално чини 12,50 долари месечно. Таму Чернека објавува свои провокативни фотографии, а некои од нив се најдоа и на Инстаграм.

Сепак, потегот на мерењето на Чернека Џонсон не донесе резултат! Привлече внимание, но по борбата остана без победа и без појасот кој го држеше во претходниот период.  Ели Скотни, на крајот стигна до победа во шестата рунда.

До овој меч Џонсон имаше скор од 14-1 во професионални борби и беше светска шампионка во ИБФ организацијата, но со уништено лице го напушти рингот. На видеото кое го објави на својот Инстаграм профил се гледаат повредите кои и ги нанесе Ели – усната ѝ е отечена, а се гледа расекотина над левото око, поради што е одлучено да се прекине натпреварот!