Connect with us

Други спортови

Шарапова по 15 години ја кажа вистината за Ѓоковиќ, како завршиле на вечера!

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова раскажа како завршила на вечера со Новак Ѓоковиќ пред 15 години. Шарапова гостуваше во подкастот на Рене Стабс и се присети како изгубила облог со најдобриот тенисер на светот.

“О Боже мој… Имам луда приказна со Новак. Се сеќавам кога ги освоивме нашите први Грен слем титули. Тој сè уште се бореше да се пробие на највисокото ниво, се обидуваше да стигне до врвот, но неговото тело не можеше да остане во чекор со неговата игра во тоа време. Игравме во Индијан Велс, не можам да се сетам на точниот облог, но тој рече: „Ако победам на турнирот, ќе вечераме заедно“. Реков: „Во ред, нема проблем, тоа дефинитивно нема да се случи“. Откако победи, рече: „Тоа е тоа! Одиме на вечера, и беше многу забавно. Во еден момент дури ме праша дали можеме да се фотографираме, низ насмевка откри Шарапова.

Новак Ѓоковиќ и Марија Шарапова имаат посебен однос. Двајцата со текот на времето снимија неколку реклами и останаа добри пријатели. Шарапова веќе подолго време живее во САД, а во кариерата ги освои сите Грен слем титули. Таа го освои Вимблдон во 2004 година кога имаше само 17 години, а две години подоцна го освои и УС Опен. Шарапова го освои Австралија опен во 2008 година, а во 2012 и 2014 година го освои Ролан Гарос. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година таа освои сребрен медал.