Connect with us

Фудбал

Шефе, имаш ли минута? Да ти кажам нешто што не знае никој! Протече видео од канцеларијата на Гвардиола (ВИДЕО)

Се појави видео од разговор во канцеларијата на Пеп Гвардиола со една од легендите на Манчестер Сити. Легендарниот бразилски ас Фернандињо (38) одигра дури девет години за Манчестер Сити, од 2013 до 2022 година стана клупска легенда и одигра дури 383 натпревари. На разделбата минатата година, тој побара средба со менаџерот Пеп Гвардиола и тој разговор беше објавен на интернет како клип од документарен филм за сезоната на шампионатот на граѓаните.

Поранешниот играч на Шахтјор, кој сега настапува за Атлетико Параиненсе, минатото лето се врати во Бразил без обештетување, откако на „граѓаните“ им го исплати секој цент откако го купија во 2013 година за 40 милиони евра од Украинците. Во Англија освои дури пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, а најважно од се е што во доцните играчки години на „Етихад“ повторно се заљуби во фудбалот, играјќи под водство на Гвардиола. Тоа му го призна во емотивен разговор, на крајот од шестгодишната соработка. Вака течеше нивниот дијалог: