Connect with us

Фудбал

Шефот на Дормунд: Не е добро да не споредуваат со Баерн

Во Борусија Дортмунд продолжуваат да бегаат од улогата на конкурент на Баерн (Минхен). По две последователни титули во времето на Јирген Клоп – 2011 и 2012 година, Вестфалците брзо се симнаа од тронот и следеа девет последователни први места за Баварците.

Постојано нè споредуваат со Баерн и тоа трае долго време“, изјави претседателот на Дортмунд Рајнхард Раубал за Рур Нахрихтен. – Ова не е добро за Борусија и воопшто нема смисла кога ќе ја видите разликата во економската состојба на двата клуба. Сите треба да престанеме да го гледаме Баерн. Нашата цел отсекогаш била и ќе биде да се пласираме во Лигата на шампионите. Ние сме на вистинскиот пат кон тоа во моментов“.

Пред три години истиот Раубал објави дека не очекувал „жолто-црните“ да бидат на нивото на Минхен најмалку една деценија.