Connect with us

Фудбал

Шефот на францускиот фудбал: Не сум сигурен дека Мбапе ќе се развива во Реал

Претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Греј проговори за можниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

„Не сум сигурен дека Мбапе би бил понапреден во Реал Мадрид отколку во ПСЖ. Исто така, не сум сигурен дали Ла Лига е подобра од Лига 1. Но, тоа ќе биде личен избор на Мбапе. „Како претседател на Француската фудбалска федерација, претпочитам Килијан да остане“, изјави Ле Греј за Ouest-France.

Според францускиот печат, 23-годишниот Французин се согласил да потпише договор со Реал Мадрид.

Мбапе постигна 26 гола и даде 17 асистенции на 37 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања оваа сезона. Договорот на напаѓачот со парискиот клуб е до 30 јуни 2022 година.