Connect with us

Тајмаут

Шеикот ја покани спортската новинарка во своето „ламборгини“, а потоа ја шокираше (ВИДЕО)

Софија Мартинез, новинарка на престижниот ЕСПН, доби подарок од шеик од Катар.

Атрактивна новинарка, која известува од Мундијалот за неколку аргентински медиуми, доби невидено изненадување од локален милионер.

Додека била во живо, шеикот ја поканил во своето скапо „ламборџини“. На седиштето имаше црна кутија и мала верзија на трофејот од Светското првенство.

„Дали е за мене? праша 30-годишната новинарка.

„Да, твое е“, одговорил шеикот.

Софија излегла од автомобилот и го отворила подарокот, а во кутијата бил најновиот телефон Самсунг вреден околу 1000 евра.