Фудбал
Шест гола на пет натпревари, фантастичен почеток за Македонецот на новата сезона
Веќе неколку сезони македонскиот напаѓач Иван Тричковски со голем успех настапува во првенството на Кипар. Во дресот на АЕК тој е еден од најдобрите играчи, а сезонава го докажа тоа. Имено,Тричковски го има најдобриот старт на сезоната во својата кариера.
По пет одиграни кола тој постигнал шест погодоци. Вчера Тричковски постигна два гола против Аполон, а во претходните четири постигнуваше по еден гол. Тричковски е блиску да го изедначи личниот рекорд од периодот од 17. декември 2016 до јануари 2017. тогаш постигнуваше голови на шест натпревари во низа. Македонскиот напаѓач од 2016-та го носи дресот на кипарски АЕК, а на 145 мечеви постигнал 89 голови.