Connect with us

Фудбал

Шесте нации: Франција оди на титула против Англија

дличната француска селекција е домаќин на Англија во клучна пресметка на турнирот во Шест нации. Пресметката е вечерва во Париз од 21:00 часот .

Домаќините се стремат кон првата титула во трката од 2010 година и денеска ќе бараат задолжителен успех против жилавиот тим на Англичаните.

Куриозитет во овој случај е што Франција може да го обезбеди трофејот пред денешниот натпревар. Ова ќе се случи доколку Ирска не успее да ја победи Шкотска порано денеска.

Франција очекувано влегува во пресметката како фаворит за успех. Англија има само една победа против „петлите“ во последните девет натпревари меѓу двете селекции.