Connect with us

Фудбал

Шестолигаш го извлече ПСЖ во Купот, реакцијата на играчите непроценлива (ВИДЕО)

Во следното коло од Купот на Франција, ПСЖ ќе игра против шестолигашот Ревел. Ова е резултатот од ждрепката за тамошното национално натпреварување, а неверојатна беше реакцијата на тоа дека ќе играат против Мбапе и другите асови во соблекувалната на овој клуб од пониска класа.

Ревел е член на шестата лига на Франција и никогаш не бил во повисоко ниво, дури ни во петта лига. Затоа, логично е играчите на овој клуб да играат фудбал рекреативно, сите да имаат некоја друга работа, а фудбалот да им е хоби.

А потоа – кога со ждрепка беше одлучено дека големиот ПСЖ ќе им биде противник на официјален натпревар, настана целосен хаос во соблекувалната. Шестолигашот сега стана хит во светот, а не само во Франција, поради реакцијата на играчите на ждрепката. Сите се собраа во соблекувалната и го посакаа ПСЖ за ривал, па така и се случи. Радоста беше неопислива.