Connect with us

Фудбал

Шиме Врсаљко остана без клуб

Поранешниот хрватски репрезентативец Шиме Врсаљко (30) на заедничка согласност го раскина договорот со грчки Олимпијакос и сега е слободен играч. Грчките медиуми објавија дека клубот од Пиреја ги договорил сите услови за раскин на договорот со Врсаљко, а по само неколку месеци Врсаљко си заминува од редовите на грчкиот гигант. Врсаљко оваа сезона одигра девет натпревари за Олимпијакос во сите натпреварувања без постигнат гол или асистенција.

Врсаљко пристигна во Пиреа од Атлетико во јули годинава, откако помина пет години во Мадрид. Помеѓу двата периоди кои ги мина во Атлетико, Врсаљко одигра една сезона за Интер, а во Серија А играше уште и за Сасуоло и Џенова. За хрватската репрезентација одигра 52 натпревари, а беше стандарден дел од тимот кој пред четири години во Русија го освои светското сребро.