Фудбал
Шимунџа: Двомечот со Шкендија ќе се решава во Словенија
Анте Шимунџа, тренерот на словенечкиот шампион Мура вели дека Шкендија како и секоја друга екипа има лоши и добри страни и дека победникот во двомечот ќе биде познат по реваншот кој се игра во Словенија.
„Шкендија ја носи фаворитската улога пред оваа пресметка. Се работи за навистина добар тим, искусна екипа која има одличен напад и е опасна од контранапади. Секако добро го анализиравме противникот и ги знаеме и неговите слави страни кои би ги задржал за себе“ – вели Шимунџа, притоа дополнувајќи:
„Мислам дека двомечот, сепак, ќе биде решен на реваншот во Словенија. Ќе бидат тешки 180 минути но ние очекуваме и посакуваме да се пласираме во следната рунда натпревари“.
Шкендија вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот натпревар од почетното квалификациско коло за Лигата на шампионите.