Connect with us

Фудбал

Ширер знае кога Кејн ќе го напушти Тотенхем

Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер верува дека Хари Кејн ќе го напушти Тотенхем, доколку клубот не освои трофеј следната сезона.

Кејн со години е прва ѕвезда на Тотенхем, но тој е сигурно фрустриран од фактот дека не може да освои трофеј со клубот.

Многу европски великани се заинтересирани за неговите услуги и Ширер верува дека Кејн ќе може да им одолее само ова лето.

„Мојата претпоставка е дека ако тој не освои нешто во следните 12 месеци, ќе го напушти клубот“, изјави Ширер за „Match of the Day“.

„Тој ќе остане уште една година, јас така мислам, и ако не освои ништо, тогаш ќе замине“.

Кејн е повреден од јануари и треба да се врати на тренинзите кон средината на април.

Потсетиме, Премиер лигата во моментов е суспендиран и прашањето е што ќе случи со сезоната.

Многу клубови се заинтересирани за услугите на англискиот напаѓач. На прво место се наоѓаат Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.