Connect with us

Фудбал

Широки брег со нова победа под водство на Гоце Седлоски

Широки Брег во овој натпревар влезе како голем фаворит. Тимот на чија клупа е нашиот Гоце Седлоски успеа да издвојува победа над Крупа од 2:0.

Порвото полувреме донесе неколку шанси за Широки Брег. Имаа контрола на топката и натпреварот, но немаа конкретен удар кон голот и на одмор екипите заминаа без голови.

Во воведните минути од второто полувреме домаќинот играше по офанзивна игра. Сепак, се редеа промашувањата пред голот на Крупа, но Шитоки Брег сепак успеа да ја пробие одбраната на гостите.

До водство тимот на Гоце Седлоски дојде во 65. минута. Беше досуден пенал, а прецизен беше Дејан Чабраја за водство од 1:0.

Домаќинот продолжи со нападите и после водството, а во 75. минута успеаа да го решат овој натпревар. Стипе Јуриќ го проигра Матео Мариќ кој погоди за 2:0.

Ова беше и конечниот резултат на овој натпревар и Широки Брег дојде до заслужените три бода.