Connect with us

Фудбал

Шкендија ја намали разликата со Вардар, „Пандевци“ заборавија како изгледа победа

Попладнево се одиграни три натпревари од ПМФЛ. Шкендија славеше со убедливи 4:1 во пресметката со Македонија ЃП и го искористи ремито на Вардар против Работнички, па ја намали негативата на осум бодови. Кризата на Академија Пандев продолжува. Не успеаја да победат ниту против Борец на домашен терен и одиграа без голови. Но, ако ништо друго барем ја прекинаа серијата на порази која трае уште од ноември минатата година. Ако се земе предвид денешниот дуел со Борец Академија Пандев десет меча во низа во Првенството не знае за победа.

Последен пат во октомври минатата година победија и тоа на домашен терен против Македонија ЃП со 4:0.

РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ

Недела:

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 0:0

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1

Имери 39’, 64’, Незири 60’, Зејнулахи 80’ – Јашаровски 58’ (п)

ШКУПИ – РЕНОВА 2:3

Сержињо 24’, 80’ – Кадриу 44’, 65’, Адеми 45’,

Сабота:

СТРУГА ТРИМ ЉУМ – СИЛЕКС 0:0

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0:0

ТАБЕЛА: Вардар 43, Шкендија 35, Силекс 32, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Шкупи 25, Струга Трим Љум 25, Реноца 25, Работнички 22, Борец 21.