Connect with us

Фудбал

Шкендија продаде тинејџер во Хрватска, 10 проценти од следниот трансфер!

Тетовскиот прволигаш Шкендија ќе биде без услугите на Дашмир Елези во продолжението на македонското првенство, откако 19-годишниот фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во странство и денеска потпиша договор со хрватскиот прволигаш Локомотива од Загреб.

Шкендија не ги објави финансиските детали од договорот, а тетовскиот клуб ќе добие десет проценти од идниот евентуален трансфер на Елези.

Елези во ноември 2020 година дебитираше за сениорскиот тим на Шкендија и со 16 години и еден ден стана најмлад стрелец во историјата на клубит и на Првата македонска фудбалска лига.

Лани, Елези се пресели во грузискиот прволигаш Торпедо, но на свое барање го раскина договорот и младиот напаѓач се врати во редовите на Шкендија.