Connect with us

Фудбал

Шкупи го совлада Работнички и ита кон титулата

Лидерот во македонската прва лига, тимот на Шкупи со 1:0 славеше како гостин против Работнички и со големи чекори оди кон титулата. Стрелец на единствениот гол беше Радевски во 67-ма минута.

Македонија ЃП обезбеди важна победа, откако на гостински терен славеше против Ренова со 0:1. Единствениот гол „падна“ уште во втората минута, стрелец беше Воша, а до крајот резултатот остана непроменет.

РЕЗУЛТАТИ ПМФЛ

Недела:

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 0:1

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ 5:0

СТРУГА – БРЕГАЛНИЦА 1:1

ТИКВЕШ- ПЕЛИСТЕР 1:0

Сабота:

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0:3

ТАБЕЛА: Шкупи 48, Шкендија 40, Академија Пандев 38, Македонија ЃП 33, Ренова 30, Брегалница 30, Струга 27, Работнички 25, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 5.