Фудбал
Шкупи се засили, го промовираше Кире Маркоски!
Кире Маркоски денес потпиша договор за една година и го облече бело-синиот дрес на ФК Шкупи.
„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сопственикот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената шанса. За време на разговорите тие ме информираа со своите идеи за целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во локалното првенство како и на европската сцена беа причината што решив да потпишам за ФК Шкупи’ – изјави Маркоски.
26-годишниот фудбалер доаѓа од Струмица како слободен, а со Шкупи потпиша едногодишен договор. Вели дека во клубот го намамил добриот проект, европските амбиции и желбата за шампионска титула.