Connect with us

Тајмаут

Шок во Германија: Девојката на Боатенг се самоубила две недели по раскинувањето?!

Извесна Каси Ленхард, е пронајдена мртва во нејзиниот стан. Иако полицијата ги држи информациите во тајност, или барем се обидува, сепак германските медиуми тврдат дека станува збор за поранешна девојка на фудбалерот на Баерн Минхен, Боатенг.

Според првичните наоди нема знаци на насилство и најверојатно станува збор за самоубиство.

Медиумите воедно пишуваат дека таа и Боатенг биле во врска една година, потоа раскинале, а имало кавги и обвинувања на двете страни по прекинувањето на врската.

Боатенг ја обвинувал дека има проблеми со алкохолизмот, а таа дека тој ја изневерувал. Се чекаат детали од германската полиција.