Connect with us

Фудбал

Шок за Ибрахимовиќ, дали е ова крај?!

Веќе некое време се шпекулира што ќе прави Ибрахимовиќ на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот со Милан. На маса е опцијата за продолжување на договорот со помала плата, но денешните вести од Миланo не се воопшто охрабрувачки.

Имено, Ибрахимовиќ не се најде на списокот на патници за мечот со Торино бидејќи го повреди коленото и беше запрашан дали воопшто ќе игра до крајот на сезоната.

Од Милан изјавија дека Ибра го преоптоварил левото колено и дека ќе мора да паузира. Бидејќи има 40 години, секоја ваква и слични повреди може да значат крај на неговата кариера.

Швеѓанецот претходно изјави дека нема намера да се пензионира додека не освои трофеј со Милан.

„Росонерите“ држат се во свои раце пред последните мечеви во сезоната, а доколку до крајот ги забележат сите седум победи, првпат по 2011 година ќе станат шампиони во Серија А.

Сениорската кариера на Ибра трае повеќе од две децении. Сè започна во Малме во 1999 година. Потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси. Тој пред две години по вторпат пристигна во Милано.