Други спортови
Шокантен пораз на Ѓоковиќ во Рим, прегазен од Чилеанецот! (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ денеска доживеа сосема неочекуван пораз на Мастерсот во Рим каде во осминафиналето на турнирот беше елиминиран од Алехандро Табило! Чилеанскиот тенисер победи со 2:0 во сетови и продолжи понатаму, а со тоа најдобриот светски играч е елиминиран од 32. на АТП листата.
Табило навистина брзо ја заврши работата, бидејќи мечот траеше само еден час и седум минути. Беше 6:2 и 6:3 во негова корист против апсолутниот фаворит Ѓоковиќ.
Rome is stunned 😳
Alejandro Tabilo claims the biggest win of his career so far, defeating number 1 seed Djokovic 6-2 6-3 in 67 minutes at the @InteBNLdItalia #IBI24 pic.twitter.com/ptutzb1LTj
— Tennis TV (@TennisTV) May 12, 2024