Тајмаут
Шокантен потег на познат фудбалер, направил трансфер, па прекинал контакт со семејството-Нема повеќе повици!
Познатиот шведски фудбалер Емил Форсберг, еден од најдобрите фудбалери во својата земја, направи шокантен потег кога на почетокот на годината се пресели од РБ Лајпциг во Њујорк Ред Бул. Преселбата во САД дојде откако му беше доста во Бундеслигата, а очигледно, покрај германскиот фудбал, на Емил му е доста од семејството кое со години го градеше со поранешната фудбалерка Шанга. Таа на Инстаграм потврди дека Форсберг го напуштил семејството!
Според Шанга Форсберг, фудбалерот го прекинал контактот со неа и нивните две деца откако се преселил во САД, па решила да поднесе барање за развод. Емил за тоа дозна преку објава на Инстаграм, а судејќи по новиот живот што го започна, нема да му биде тешко тоа што наскоро ќе се разведе.
“Се разделуваме. Зборови за кои мислев дека никогаш нема да ги кажам по две деца и 19 години заедно, а кои сè уште изгледаат нереално”, напишала Шанга Форсбег и додала: “Те сакав повеќе од се и секогаш те поддржував. Но дури и љубовта има свои граници.Најголемата љубов се моите деца и сакам тие да ја знаат нивната вредност како што ја знам мојата.Да се зема здраво за готово и да бидеш запоставен не е љубов.Новиот почеток во Њујорк очигледно беше нов почеток за тебе и твојот живот. Читавме во весниците и видовме дека добро ти оди и уживаш во секој момент. Имаш и планови за иднината, а јас не знам за нив, напишала таа.