Connect with us

Фудбал

ШОКАНТНА ВЕЧЕР ВО ИТАЛИЈА: Јувентус стигна до Лига на шампиони: Ја скршија Болоња и дочекаа кикс!

Неверојатни резултати отидоа во прилог на тимот од Торино.

Тимот на Андреа Пирла и следната сезона ќе игра во европската елита!

Тие успеаја, ја победија Болоња и чекаа неуспех на директен конкурент. Трагичар е Наполи, кој не успеа да ја совлада Верона на домашен терен.

За разлика од Наполи, Милан го заврши својот дел од работата како што треба. До Лигата на шампионите стигнаа со победа во Бергамо, со два пенали на Френк Каси, над Аталанта, на која овој натпревар не му значеше ништо како резултат. Познато беше дека „Божицата на провинцијата“ веќе беше во Лигата на шампионите, трета сезона по ред.

Наполи не успеа, иако имаше полесна задача. На југот на Италија не ја совладаа Верона , иако поведоа со голот на Рахмани на половина час пред крајот на натпреварот. Шокот се случи девет минути подоцна преку Фараони кој го постигна најважниот гол во сезоната – но за Јувентус.

За тоа време, тимот од Торино рутински одзема поени од Болоња. Против компанијата на Синиша Михајловиќ, дури и без Кристијано Роналдо, немаше проблеми за Пирло и неговиот тим. Алваро Мората погоди двапати, а се запишаа и Киеза и Рабио , за убедлива победа.

Во истиот термин, Лацио беше поразен од Сасуоло, Рома ремизираше со Специја, а бодовите ги поделија Торино и Беневенто. Тие натпревари не можеа да променат ништо на табелата во Серија А. Комплетната драма беше за позицијата четири.

На крајот на сезоната, Интер, Милан, Аталанта и Јувентус се пласираа во Лигата на шампионите , додека Наполи и Лацио ќе играат во Лигата на Европа . Рома ќе ја води Мурињо во Конференциската лига, каде ќе игра и Тотенхем, кој водеше до неодамна.

Standings provided by SofaScore LiveScore