Connect with us

Фудбал

Шокантни истражни податоци: Марадона почина од негрижата на лекарите

Во Аргентина, истрагите за смртта на Диего Армандо Марадона се во тек. Како што објави „Ла Нацио“, првите заклучоци од истрагата на Обвинителството покажуваат дека пациентот не бил следен, не бил подложен на постојан медицински надзор, бидејќи тоа го налагало неговата здравствена состојба.

„Тој не земаше никаков лек за неговата срцева болест. Овие се многу важни импликации во истрагата, што би ги натерало истражителите да ја поддржат хипотезата за присилната смрт. Прелиминарниот заклучок е: „Сериозна негрижа од страна на лекарите, никој не се грижеше за пациентот“.

Неодамнешната кривична истрага може да биде во пресвртна точка. Позициите на лекарот Леополдо Луке и психијатарот Агустина Косачов стануваат комплицирани. Се чини дека најголемиот дел од одговорноста е на Луке, кој го потпиша писмото за отпуштање на Диего од болницата, и покрај предлогот на „Свис Медикал“ да продолжи со психијатриски, клинички и рехабилитационен третман во „ад хок“ институција. Судијата Дијаз сè уште не побарал апсење на личниот лекар на Марадона, бидејќи „нема ризик да избега“.