Фудбал
Шокантни сцени во Париз, бесните навивачи на ПСЖ ја нападнаа ѕвездата, сакаа да го извлечат од автомобилот (ВИДЕО)
Навивачите на ПСЖ се бесни поради испаѓањето на клубот од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Огромните инвестиции не им се исплатија на „светците“, кои беа многу разочарани на дуелот против кралскиот клуб, каде исчезнаа од теренот на реваншот во Мадрид.
Најжестоките навивачи бараат промени во клубот. Бараат заминување на вообразените ѕвезди како Нејмар и промени во раководството на клубот каде се Насер Ал Хелаифи и Леонардо.
Ниту на играчите не им се простува. Тие денеска на улица го видоа дефанзивецот Лајвин Курзава и решија да се пресметаат со него.
Му го запреле автомобилот, еден од навивачите со употреба на сила се обидел да го извлече сакајќи вербално да се пресмета со ѕвездата на неговиот тим.
За среќа на крајот немаше физичка пресметка, но ваквите потези на навивачите јасно покажуваат колкаво незадоволство владее кај нив поради катастрофалните настапи.
Секако, најжесток е ударот за големите ѕвезди Нејмар и Лионел Меси, кои претходниот викенд добиваа големи свирежи при секое допирање на топката.
Сезоната на ПСЖ во никој случај не е позитивна, иако парискиот великан веројатно лесно ќе дојде до титулата шампион во Лига 1, каде што навистина немаат конкуренција.
Лајвин Курзава е член на ПСЖ од 2015 година и играше за „светците“ на повеќе од 150 натпревари во последните седум години.
Kurzawa a été pris à partie par des supporters parisiens après l'élimination face au Real Madrid.
? @lxminni pic.twitter.com/G3M0OqiUfK
— BeFoot (@_BeFoot) March 17, 2022