Connect with us

Тајмаут

Шокантно: Нејмар е во мизерна состојба и на работ на алкохолизам

Новинарот Даниел Раиоло направи шокантна анализа во програмата „По нога“ за тоа што се случува во ПСЖ.

„ПСЖ повеќе не е тим. Не постои заедничка врска што ги обединува. Тренерот како да не постои, претседателот не кажа ни збор, се е тотална катастрофа и шрафовите некој мора да ги затегне. Леонардо го нема, а го нема и Насер ал Хелаифи. Ништо, целосен пораз. Нејмар веќе речиси и не тренира, пристигнува во мизерна состојба, на работ на алкохолизам е.

Го опседнува духот на одмазда кон ПСЖ, има тотален раздор меѓу клубот и соблекувалната. Навивачите веќе не се ни возбудени поради настапите на Нејмар. Мора да го потпишат неговиот чек и да се разделат со него, бидејќи само му нанесува штета на клубот“, изјави новинарот.