Connect with us

Кошарка

Шпанија е европски првак!

Шпанија по четврти пат во историјата се искачи на европскиот трон. Избраниците на селекторот Скариоло во финалето беа подобри од Франција со 88:76. Хуан Хернангомез со 27 поени ја предводеше селекцијата на Шпанија до европскиот трон, додека за Франција најефикасен беше Еван Фурние со 23 уфрлени поени.

Победата Шпанија практично ја обезбеди во првото полувреме кога имаа плус 21 поен. Франција успеа да дојде до три негатива, но сепак се чини дека толку беа силите.

Третото место го освои селекцијата на Германија која ја совлада Полска со 82:69.