Кошарка
Шпанија е првиот полуфиналист на Евробаскетот, Ла Фурија ја победи Финска
Кошаркарската репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство откако во Берлин ја совлада Финска со 100:90.
Тимот на Серхио Скариоло се префрли во петта брзина во последните две четвртини и направи голем кам-бек откако Финците подобро го започнаа натпреварот.
Финска го доби првиот период со 30:19, во тие моменти имаше фантастичен шут и се беше под нивна контрола.
Шпанија на пауза ја намали негативата на девет поени (43:52), а потоа почна „фуријата“ на Скариоло.
Третата четвртина Шпанците ја добија со 30:15 и целосно ја анулираа пасивната поведување. Продолжија со сигурната игра во последниот период и заслужено се пласираа во полуфиналето.
Во шпанската селекција најефикасен беше Вили Ернангомез со 27 поени. Кај Финците очекувано Лаури Марканен постигна 28 поени.