Фудбал
Шпанија никогаш не загубила полуфинале на Европско, Италија само еднаш пред – 33 години
Италија и Шпанија ќе ги одмерат силите вечерва на „Вембли“, во првиот полуфинален натпревар од ЕВРО 2020. Двете селекции се наоѓаат во извонредна форма, така што ќе биде многу интересно да се види чија серија ќе биде прекината на вечерашното полуфинале.
Шпанија има три европски (1964, 2008, 2012) и една светска (2010) титула, додека Италија има една европска (1968) и четири светски (1934, 1938, 1982, 2006) круна, па ова ќе им биде 38-та меѓусебна пресметка во која влегуваат со израмнета статистика по 37 меча – по 11 победи и 15 ремија.
Последниот дуел на овие две селекции е во септември 2017 година, кога Шпанија на домашен терен славеше со 3-0, со погодоците на Иско (два) и на Алваро Мората.