Connect with us

Фудбал

Шпанска „Марка“: Поради неговата девојка, Јовиќ ќе биде казнет од Реал Мадрид

Шпанска „Марка“ на својата насловна страница објави фотографија од фудбалерот на Реал Мадрид Лука Јовиќ кој го напуштил карантинот во Мадрид и заминал во Белград, пред се поради неговата девојка Софија.

Ова е причината поради која фудбалерот се наоѓа на насловните страници во Србија, но и во Шпанија.

„Марка“ пишува дека поради неговата девојка Лука Јовиќ драконски ќе биде казнет од страна на Реал Мадрид, иако не е прецизирано каква ќе биде казната. Секако во текстот е објавено и неговото извинување, но тоа нема да помогне многу.

Српските власти најавија кривична пријава против напаѓачот кој по доаѓањето во Белград не ги почитувал мерките за изолација и се шетал низ улиците.