Фудбал
Шпански фудбалски клуб во проблеми, спасител познатиот актер Џорџ Клуни?!
Шпанска Малага во сезоната 2012/2013 изненади пријатно и стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите. Денеска, седум години покасно, тимот од Андалузија се наоѓа во тешка финансиска состојба, а во овој момент настапува во Сегунда. По 29 кола го зазема 14-то место.
Меѓутоа постојат најави дека клубот наскоро може да дочека подобри денови, а во целата ситуација би можел да се вмеша познатиот актер Џорџ Клуни
Според пишувањата на шпанските медиуми конзорциумот чиј член е славниот актер изразил желба да ја преземе командата над клубот и да го врати на вистнскиот пат. Но, целиот проблем е тоа што актуелниот сопственик, катарскиот шеик Абдулах Ал-Тани, кој воедно е обвинет за малверзации, го проценил клубот на 86 милиони фунти. Но, американскиот конзорциум не сака да плати повеќе од 30 милиони.
-Во градот во моментов се наоѓа силна продуцентска куќа која од Малага сака да направи европски Холивуд. Во моментов се снимаат сериите за потребите на Амазон, но во исто време се водат преговори околу преземањето на клубот. Сепак, тие не сакаат да ја платат спомнатата сума која ја бара Ал-Тани, изјавил Антонио Агилера, претставник на помалите акционери во конзорциумот.