Connect with us

Фудбал

Шпански клуб има страв од корнавирус: Нека не исфрлат, но не патуваме во Милано

Хетафе нема да допатува во Милано за мечот против Интер во рамките од Осминафиналето од ЛЕ, потврди претседателот на клубот. Шпанскиот тим испратил официјален допис до УЕФА во кој бара решение за мечот, бидејќи како што велат, не треба да се игра во Милано, град кој е жариште на коронавирусот.

-Моите играчи нема да патуваат во Милано, по цена да ни биде забележан пораз во првиот меч со Интер, па дури и да не исфрлат од натпреварувањето. Не сакаме да одиме во жариштето на вирусот. УЕФА мора нешто да преземе и да најде решение, изјави Анхел Торес.

Денеска се очекува да донесе одлука. Веќе сите мечеви во ЛШ и ЛЕ треба да се одиграат без публика. Са одложување се уште не е донесена одлука.