Connect with us

Други спортови

Шпански политичар брутално го навреди Ѓоковиќ: Путинист, антиваксер…

Шпанскиот политичар Пабло Еченик брутално го навреди Новак Ѓоковиќ откако неговиот сонародник Карлос Алкараз го победи српскиот тенисер во финалето на овогодинешниот Вимблдон.

„Алкараз е апсолутно импресивен и најдобро од сè – тој победи ултрадесничар, путинист, пријател на геноцидот, антиваксер и теоретичар на заговор. Тоа ја прави оваа победа уште поголема“, напиша Еченик на својот Твитер. Тој е левичарски шпански политичар кој порано работел на физика. Има десетици научни трудови од споменатата област.

Тој беше избран за член на Конгресот на пратениците на општите избори во Шпанија во април 2019 година како член на левичарската партија Подемос. Роден е во Аргентина пред 44 години, од каде како 13-годишник се преселил во Шпанија. Тој боледува од спинална мускулна атрофија и е вработен во Шпанскиот национален истражувачки совет во Сарагоса.