Connect with us

Фудбал

Шпанските медиуми најавија „бомба“, таткото на Алаба вели: Почекајте, не е ништо договорено или потпишано

Шпанска „Марка“ објави информација дека Давид Алаба се договорил со Реал и дека е на пат за Мадрид. Најавен е како „бомба“, односно најголемо засилување на Реал во изминатиот период. Сепак, неговиот татко вели дека уште ништо не е готово.

-Не можам да ги потврдам информациите од Шпанија. Уште не договорил или ниту потпишал нешто, изјави Жорж Алаба за германскиот весник „Билд“.

Давид Алаба сака да замине од Баерн Минхен кој не сака да му ги исполни финансиските побарувања.