Connect with us

Фудбал

Шпанците веќе прават анализи: Што ќе и донесе Пјаниќ на Барселона?!

Шпанските медиуми се повеќе пишуваат околу тоа дека Мирален Пјаниќ е на врвот на листата и еден од приоритетите на Барселона во наредниот преоден рок. „Марка“ направи куса анализа за тоа што Пјаниќ може да и донесе на Барселона на теренот.

Серхиот Бускетс и Френки де Јонг се стартери, а со оглед на тоа дека Артур Мело одлучил да остане на „Камп Ноу“, веројатно БИХ репрезентативецот ќе дојде на местото на Иван Ракитиќ или Артуро Видал, пишува „Марка“.

-Пјаниќе е играч со сличен профил како и Иван Ракитиќ. Поседува вештини благодарејќи на кои би можел совршено да се вклопи во стилот на игра кој го преферира Сетиен. Од доаѓањето од Рома, Пјаниќ беше мозокот на средината на Јувентус, а покажа интелегенција и разбирање на тактиката, нешто што го немаат голем број играч кои играат на средината на теренот, пишува Марка.