Connect with us

Фудбал

Шпанците во проблеми пред мечот со Португалија

Светскиот првак од 2010 година, екипата на Шпанија во првото коло од групната фаза на Мундијалот ќе игра против добро познатиот противник, Португалија. Од Шпанија се очекува да биде фаворит за освојување на златото, но јасно е дека многу од тоа зависи како ќе го отвори Светското првенство.

Шпанците се наоѓаат во големи проблеми пред натпреварот со Португалија, затоа што селекторот Жулиен Лопетеги нема да може да смета Пике и Давид Силва.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Пике се повредил на денешниот тренинг, и го напуштил порано, а се уште не е познато колку е сериозна неговата повредата. Покрај него проблем има и Давид Силва кој исто така мораше порано да го заврши тренингот откако почувствува болка во десното колено.

Јасно е дека Шпанците имаат многу алтернативи за овие фудбалери, но исто така познато е колку Пике и Силва значат за оваа селекција.