Поврзи се со нас

Фудбал

Шпекулациите запреа, ништо од враќањето на Роналдо во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед нема намера да го врати Кристијано Роналдо, објави денес Манчестер Ивнинг Њуз.

Иако во последно време се шпекулираше во островските медиуми за враќање на Роналдо во Јунајтед, ништо од ова нема да се случи.

Извори блиски до клубот јасно ставија до знаење дека засегнатите страни не разговараат за враќање и дека тоа се само непроверени информации.

Претходно, извори блиски до Роналдо потврдија дека нема ништо од тоа, и дека Кристијано има намера да остане во Јувентус до крајот на неговиот договор.

Да потсетиме, еден од најдобрите играчи на сите времиња во Јунајтед играше од 2003 до 2009 година кога се пресели во Реал. Со Јунајтед тој го освои англискиот шампионат трипати, два лига купа, еден ФА куп, Суперкуп и Лига на шампиони.

loading...

Facebook