Фудбал
Што има врска ова со фудбалот? На Фејсбук страницата на ФФМ се појавија чудни видеа, а ова е причината (ФОТО)
На официјалната фејсбук страница на ФФМ (Фудбалска репрезентација на Македонија) денеска осамнаа две видеа, кои немаат врска со фудбалот, туку се т.н интересни или чудни видеа со кои се собираат лајкови. Љубителите на фудбалот кои се фанови на оваа страница прашуваа што имаат овие видеа врска со ФФМ или македонскиот фудбал. Стигна одговор од ФФМ, фејсбук страницата е хакирана и тие не ги објавуваат овие видеа.
Фудбалската федерација на Македонија информира дека официјалниот Фејсбук профил на федерацијата (Фудбалска Репрезентација на Македонија) е хакиран. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ФФМ.