Фудбал
Што ќе ми се 10 Ферари и авиони-Ѕвездата на Ливерпул повторно го воодушеви светот
Садио Мане, ѕвезда на Ливерпул важи за скромно момче. Него не можете да го забележите дека ужива во луксузот, а потоа со тоа да се фали на социјалните мрежи. Веројатно сите се сеќавате на оние фотографии од негоиот искршен мобилен телефон. Одамна е познато дека во местото каде што израснал во Сенегал гради училишта, амбуланти, ја подобрува инфраструктурата.
This sadio with a broken cracked screen phone, sadio mane sacrifing to help the less previledged in Senegal, always remember ur root pic.twitter.com/vE1Qo4TA4Z
— muminzy (@muminzy2) December 30, 2019
-Бев гладен и играв фудбал бос. Што ќе ми се 10 Ферари или два авиони. Зарем тие работи служат за доброто во светот, се запраша неодамна во едно интервју Садио Мане.

Сега, тој повторно го воодушеви светот. Садио Мане годишно заработува околу шест милиони евра. Дел од својата годишна плата ја донира секој месец. По 70 евра донира на семејства од најсиромашните делови од Сенегал. Со тоа сакал да помогне да се развие економијата, но и да им пружи можност на тие семејства за подобар живот.
Неодамна Садио Мане донираше пари на болниците во Сенегал како помош во борбата против коронаивурост.