Фудбал
Што ќе се случи со Серија А доколку некој играч се зарази со коронавирус?
Натпреварите во Серија А ќе се играат до 3 април без публика. Таа одлука ја донесе вчера италијанската влада.
Епидемијата на коронавирус предизвика голема главоболка за италијанските власти во последните неколку дена, со што беше донесена одлука да се игра фудбал без публика на стадионите во наредните недели.
На клубовите им беа дадени јасни упатства како да се продолжи во иднина, а во случај некои од играчите на Серија А да бидат заразени со коронавирусот, натпреварувањето ќе биде прекинато веднаш.
„Клубовите и нивниот медицински персонал имаат должност да ги контролираат сите спортисти, тренери, директори и сите кои присуствуваат на натпреварите, со што се спречува ризикот од ширење на вирусот „Ковид 19“, се вели во владината наредба.
Овој викенд во Италија ке биде одиграно заостанатото 26. коло вклучувајќи го дербито Јувентус – Интер од 20:45 часот на „Алианц Арена“.