Фудбал
Што му направи Жирона на Реал Мадрид, еден играч им ја наполни мрежата (ВИДЕО)
Реал Мадрид е убедливо поразен со 4:2 на гостувањето кај Жирона, со што полека но сигурно се простува со трката за титулата. Одамна некој не ја наполнил мрежата на Кралевите како вечерва Жирона, а сето тоа го стори еден фудбалер. 24-годишниот Кастељанос кој ја игра првата сезона во Примера, откако дојде од Њујорк постигна четири голови. За Реал погодија Винициус и Лукас.
Барселона во моментов има 11 бодови предност, но и меч помалку.