Connect with us

Фудбал

Што му опцу фрустрираниот Роналдо на судијата?

Португалскиот фудбалер Беше бесен во завршницата од натпреварот, а поради пцовка во судиското надополнување доби жолт картон.

Роналдо со тој жолт картон го пропушта четврт финалето, но тоа ништо не му значи, поради тоа што неговиот тим е поразен со 2:1 од Уругвај и не се пласира меѓу четирите најдобри во светот.

Кога не беше досуден фаул над Рикардо Кварезма во финишот од натпреварот, неколку португалски играчи го опкружија главниот судија Артуро Рамес, а меѓу нив беше и Роналдо.

Не е сосема сигурно што му порача фудбалерот на Реал Мадрид на судијата, но според оние кои се корисници на Твитер успеаа да прочитаат од усните како Роналдо на судијата му кажува: „Еб* се“.

Нешто му дофрли, а поради тоа доби жолт картон. Како што веќе кажавме, тоа му донесе забрана од еден натпревар во дресот на Португалија, но тоа сега за него е најмалку важно.