Connect with us

Фудбал

Што прави овој човек? Мегваер не ни играше, но сепак успеа да ги шокира навивачите на Јунајтед

Хари Мегваер повторно успеа да ги шокира навивачите на Манчестер Јунајтед.

Во градското дерби Манчестер Јунајтед доживеа ново понижување бидејќи Манчестер Сити постигна дури шест гола против својот градски ривал. Конечниот резултат гласеше 6:3.

Мегваер на овој меч не настапи за „црвените ѓаволи“ поради повреда, а кој знае каков ќе беше резултатот доколку играше и стоперот на англиската репрезентација.

Најскапиот дефанзивец на светот го следеше натпреварот од трибините на Етихад, но сепак успеа да го навлече гневот на навивачите на Јунајтед.

Имено, кога резултатот беше 6:1, камерите го фатија Мегваер, кој имаше широка насмевка на лицето, што ги шокираше приврзаниците на „црвените ѓаволи“.

Мегваер е многу често на столбот на срамот поради лошите изданија на теренот, а сега успеа да се најде во центарот на вниманието на јавноста, дури и кога не ни играше.