Connect with us

Фудбал

Што се случува со Рома? „Волчицата“ ги започна, а потоа ги одложи припремите

Рома одлучила да го одложи почетокот на припремите за претстојната натпреварувачка година и тоа за десеттина денови.

Иако Пабло Фонеска и некои играчи уште вчера пристигнаа во Рим и ги извршиа лекарските прегледи, клубското раководство денеска одлучи да ги одложи припремите.

Планирано беше правата фаза на припремите да се изврши од 29. јуни до 7. јули, но новиот почеток по се изгледа дека ќе биде на 5. јули.

За денеска беше закажан тренинг, но истиот е одложен. Од римскиот клуб соопштиа дека причината поради кој се одложени припремите е тоа што се уште не се знае точниот датум на првиот официјален натпревар во следната сезона..

Во Рома веруваат дека Милан нема да игра во Лигата на Европа следната сезона, па УЕФА ќе ја префрли Рома во групната фаза од ова натпреварување.

Инаку, Стивен Н’зонзи не се појави на лекарските прегледи во договорениот термин, па затоа францускиот играч од средниот ред финансиски ќе биде казнет.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com