Connect with us

Други спортови

Што ти стана?! Ваков скок никогаш не сте виделе – поради глупост остана без медал на СП (ВИДЕО)

Јамајканецот Кери МекКлауд изведе неверојатен скок во далечина на Светското првенсво.

 Кери МекКлауд направи нешто што никогаш не сте го виделе на големите натпреварувања. На Светското првенство во Будимпешта тој леташе на глава наместо на нозе во скок во далечина. Да, добро прочитавте, тој се урна и кога дојде моментот да скокне во песокот реши да го направи тоа на поинаков начин. Јамајканецот прелета осум метри и кога се фрли во воздух сите на стадионот беа во шок. Не можеа да поверуваат што направил. За жал, неговиот скок не се броеше бидејќи беше откриено дека пред тоа правел престап. Ниту неговата лоша среќа не заврши тука…

Имено, бидејќи решил да ја смени техниката на скокање и да скокне на глава, наместо правилно, се повредил при доскокот. Поради ова тој не можеше да го продолжи натпреварувањето. Тој на крајот остана без медал, бидејќи бронзата ја освои неговиот сонародник Тајгел Гејл.