Фудбал
Штутгарт објави уште еден фудбалер со Ковид-19
Штутгарт пријави петти случај на инфекција со коронавирус на помалку од една недела пред продолжувањето на сезоната во Бундеслигата по кратка зимска пауза.
Напаѓачот Вахид Фагир им се придружува на Силас Катомпа Мвумпа, Науиру Ахамада, Константинос Мавропанос и Матео Климовиќ, кои беа заразени со коронавирус пред саботниот натпревар со Гројтер Фурт.
Штутгарт напиша на Твитер дека Фагир е ставен во карантин по позитивен ПЦР тест.