Други спортови
Шумахер: Рикиардо ќе го замени Перез следната сезона
Макс Верстапен ја обезбеди третата последователна титула, Ред Бул втора година по ред е конструкторски шампион, но австрискиот тим верува дека се може да биде уште подобро.
Ова се однесува на другиот возач Серхио Перес, кој е во очајна форма. Мексиканецот се уште е втор во генералниот пласман, но беше очаен во последните три трки.
Во Катар по повлекувањето на Хамилтон можеше да го обезбеди второто место, но на крајот заврши само на деветтото со дури три казни за напуштање на патеката.
Иако има важечки договор за 2024 година, се почесто се зборува за тоа дека нема да биде дел од тимот во следната сезона.
Ова мислење го дели и Ралф Шумахер, поранешен возач на Формула 1.
„Знам дека во Ред Бул велат дека го почитуваат договорот што го имаат со Перес. Сепак, убеден сум дека на почетокот на следната сезона ќе биде заменет со Даниел Рикиардо доколку продолжи вака. И за жал мислам дека така ќе биде“, истакна Шумахер.
Следната трка во Формула 1 шампионатот е во Остин за Големата награда на Америка на 22 октомври.