Connect with us

Фудбал

Швајцарски бизнисмен ќе биде нов газда на Челзи? Абрамович му се јавил

Хансјоерг Вис е потенцијален нов сопственик на англискиот тим Челзи. Наводно рускиот милијардер му го понудил клубот.

– Абрамович сега се обидува да ги продаде своите вили во Англија. Исто така, сака брзо да се „ослободи“ од Челси. Јас, заедно со уште тројца луѓе, во вторникот добив понуда да го купам Челси од Абрамович, изјави Вис за швајцарскиот весник „Блик“.

Швајцарскиот милијардер наведе дека ќе мора да почека четири до пет денови за да види како ќе се одвиваат работите.

Актуелниот европски првак Челси во саботата мина во рацете на локална хуманитарна организација, откако Абрамович се повлече од клубот поради војната во Украина.

Хансјорг Вис (роден на 19 септември 1935 година) е швајцарски милијардер бизнисмен и донатор на политички либерални и еколошки цели во Соединетите држави. Тој е основач и претседател на Synthes Holding AG, производител на медицински уреди. Неговата фондација Wyss има имот од повеќе од 2 милијарди долари. Од 2021 година, Wyss имаше нето вредност од 5,8 милијарди американски долари, според Форбс.Донирајќи стотици милиони долари за еколошки цели, тој неодамна ги зголеми своите донации за групи кои промовираат прогресивни цели.