Тајмаут
Швајцарски дефанзивец во брак со убавата Србинка: Срцето ми чука за двете нации!
Србија и Швајцарија во петок играат клучен меч на СП во Катар. Победникот од оваа пресметка ќе се пласира во осминафиналето. Српските медиуми пронајдоа интересна приказна. Имено, дефанзивниот играчот од средниот ред на Швајцарија, Ремo Фројлер е женет со убавата Србинка, Крситина. Нејзиното моминско презиме е Шивчиќ, а таа, исто како и пред четири години во Русија, ќе има измешани чувства.

На едната страна е репрезентацијата на нејзината земја од која потекнува, а на другата е селекцијата на Швајцарија каде што живее и чиј дрес го носи нејзиниот сопруг Ремo. Таа на последното Светско првенство на Инстаграм објави фотографии со знамињата на двете земји.
Заедно со сопругата на тогашниот швајцарски репрезентативец Стефан Зубер, исто така Србинка, Мирјана, на многу интересен начин ги поддржа и двајцата.

Имено, тие двајца изработија специјални маици кои беа поделени на половина – во боите на Србија и Швајцарија.
– Срцето ми чука за двете нации, бидејќи сум родена во Швајцарија, а моето момче игра за репрезентацијата, но никогаш не заборавам од каде доаѓам. Така ќе навивам – изјави тогаш Кристина.
Во меѓувреме имаше и свадба, па двајцата станале маж и жена, а малку подоцна и родители.