Други спортови
Шварцман сака да го освои домашниот турнир во Буенос Аирес
Диего Шварцман и Каспер Руд се соочуваат во финалето на АТП 250 турнирот во Буенос Аирес. Натпреварот е денеска со почеток во 20:00 часот.
Двајцата играчи мораа да надминат три пречки во досегашниот тек на турнирот. Руд беше дефинитивно поубедлив. Норвежанецот не им подари ниту еден сет на ривалите и излезе мотивиран за првата титула во сезоната.
Шварцман е миленик на домашната публика, но досега му беше потешко, губејќи по еден сет во полуфиналето и четвртфиналето. Во последниот натпревар на турнирот, сепак, тоа можеби нема да биде важно.